Индустриското производство намалено за 7,2 отсто

Bez autora
May 30 2012

Индустриското производство во април во Македонија се намалило за 7,2 отсто во споредба со истиот месец лани. Кумулативно од почетокот на годината, индексот на индустриското производство бележи намалување за 8,1 отсто во однос на периодот јануари-април 2011 година. Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април бележи опаѓање од 3,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од седум отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 10,3 отсто. Според главните индустриски групи, производството бележи опаѓање кај Енергија за 27,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,3 отсто и Tрајни производи за широка потрошувачка за 57,7 отсто, додека бележи пораст кај Капитални производи за 1,2 отсто и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,1 отсто.

Индустриското производство намалено за 7,2 отстоИндустриското производство во април во Македонија се намалило за 7,2 отсто во споредба со истиот месец лани, објави Државниот завод за статистика.

Кумулативно од почетокот на годината, индексот на индустриското производство бележи намалување за 8,1 отсто во однос на периодот  јануари-април 2011 година.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во април бележи опаѓање од 3,2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија  бележи опаѓање од седум отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација  опаѓање од 10,3 отсто.

Според главните индустриски групи, производството бележи опаѓање кај Енергија за 27,4 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 2,3 отсто и Tрајни производи  за широка потрошувачка за 57,7 отсто, додека бележи пораст кај Капитални производи за 1,2 отсто и кај Нетрајни  производи за широка потрошувачка за 5,1 отсто.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik